Германскиот канцелар Фридрих Мерц им се придружи на италијанската премиерка Џорџија Мелони и францускиот претседател Емануел Макрон во апелот до Европа да ги обнови односите со Русија.
Мерц кој беше страствен поддржувач на Украина, сега вели дека ја смета Русија за „европска земја“ и изрази надеж за обновување на односите меѓу Берлин и Москва.
„Ако успееме да вратиме мир и слобода во Европа, ако конечно најдеме рамнотежа во односите со Русија, ако владее мир, ако се обезбеди слобода – ако успееме во сето ова, тогаш ЕУ, тогаш ние во Германија ќе го положиме овој следен тест и ќе можеме да гледаме кон иднината со доверба по 2026 година“, изјави Мерц.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
