Градоначалникот на Општина Центар, Герасимовски, најави воведување на новитет – „центарска картичка”, како дополнителна услуга за жителите и како поддршка на локалниот бизнис-сектор.
Тој објасни дека ова ќе е дополнителна услуга за жителите на Општината, но и директна поддршка и промоција на локалниот бизнис-сектор.
„Со оваа картичка граѓаните ќе добиваат попусти и поволности на одредени производи и услуги” – истакна Герасимовски. Картичката ќе биде електронска и уникатна за секој жител, со сопствен
бар-код. Таа ќе може да ја користат исклучиво жители на Центар, а бенефициите ќе важат само кај правни субјекти регистрирани во општината.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
