Руската енергетска компанија „Газпром”, која е под санкции на САД и не испорачува енергенси во државите од Западна Европа предупредува дека европските држави можат зимава да се соочат со недостиг на гас.
Според нив нивото на пополнетост на подземните складишта за гас во Европа е значително пониско во споредба со претходните години.
.
„Ако европските земји продолжат со истата стратегија, ризиците за стабилно снабдување и ценовна нестабилност ќе се зголемат”, порачуваат од „Газпром”.
Енергетски аналитичари предупредуваат дека комбинацијата од намалени резерви, висока потрошувачка и геополитички тензии може повторно да доведе до ценовни шокови, особено во индустрискиот сектор и кај домаќинствата.

