Француските власти најавија максимално засилени безбедносни мерки во пресрет на новиот протест на движењето „Жолти елеци“, кој е закажан за сабота, 24 октомври.
Министерот за правда Жерал Дарманен информираше дека од почетокот на немирите поврзани со протестите досега биле приведени околу 2.500 лица.
Францускиот претседател Емануел Макрон испрати остро предупредување, најавувајќи дека полицијата ќе реагира одлучно доколку има обиди за нарушување на јавниот ред и мир.
„Не постои оправдување за каква било форма на насилство, без разлика дали станува збор за вербално или физичко насилство, или напади врз луѓе и имот“, изјави Макрон, пренесува БФМ ТВ.
Како дел од превентивните мерки, во градот Тулон е најавена целосна забрана за одржување протести во централното градско подрачје во сабота, од 11 часот до полноќ.
Дополнително, во истиот град јавниот превоз ќе биде целосно прекинат од 10 часот во сабота до 6 часот во недела наутро.
Француските власти велат дека целта на мерките е спречување на можни инциденти и обезбедување на безбедноста на граѓаните, учесниците и јавниот имот.
