Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Фон дер Лајен: Македонија припаѓа на масата во ЕУ, следен чекор се уставните измени
    epa09134959 European Commission President Ursula von der Leyen delivers a statement after a college meeting at the EU headquarters in Brussels, Belgium, 14 April 2021. EPA-EFE/JOHN THYS / POOL
    Република

    Фон дер Лајен: Македонија припаѓа на масата во ЕУ, следен чекор се уставните измени

    02/10/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски побара Европската Унија активно да се вклучи во разговорите меѓу Македонија и Бугарија, со цел да се создадат услови за решение што ќе биде јасно, одржливо и со еднакво важечки обврски за сите страни.

    На средбата во Скопје со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Мицкоски посочил дека земјата е подготвена за дијалог, но дека е потребна сигурност дека секој договор ќе значи напредок, а не отворање простор за нови билатерални условувања.

    По барањето за поголема улога на ЕУ во процесот, Фон дер Лајен, според информациите од премиерот, го советувала македонското раководство да иницира директна билатерална средба со бугарската страна.

    „Веќе следната недела министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски е во Софија, на настан поврзан со Коридорот 8. Добив совет да побараме од домаќинот средба на билатерална основа. Веднаш побарав од министерот да испрати дипломатска нота и да побара средба со колешката, да го движиме процесот“, изјави Мицкоски.

    Премиерот нагласи дека отворените прашања со Бугарија треба да се решаваат преку дијалог, добра волја и меѓусебно почитување.

    „Секое решение мора да создава сигурност дека со неговото исполнување се затвора една фаза и се отвора патот кон следната, без простор за нови толкувања или дополнителни барања“, рече Мицкоски.

    Тој додаде дека ако од државата се очекуваат одлуки со долгорочни последици, тогаш оправдано е да постои и јасна европска перспектива за она што следува. Според него, целта не е одложување на процесот, туку негово придвижување на стабилна и предвидлива основа.

    Мицкоски повтори дека стратешката определба на Македонија останува полноправното членство во Европската Унија, нагласувајќи дека Владата продолжува со реформите во владеењето на правото, јавната администрација, економијата, дигитализацијата и образованието.

    Тој оцени дека европската интеграција треба да биде почувствувана од граѓаните и пред формалното членство, преку подобар пристап до европскиот пазар, нови инвестиции, инфраструктурно поврзување и поголеми можности за младите.

    „Постепената интеграција ја гледаме како важен дел од процесот и како начин европската перспектива да стане видлива и конкретна. Планот за раст е поставен токму врз оваа логика – постепено приближување кон единствениот пазар, забрзување на реформите и економска конвергенција со Унијата“, посочи премиерот.

    На заедничката прес-конференција, Урсула фон дер Лајен порача дека Македонија има место во Европската Унија и дека по деблокирањето на процесот ќе следуваат и конкретни чекори за понатамошно приближување.

    Таа оцени дека земјата направила значаен напредок со реформите и со Планот за раст, најавувајќи дека во следниот период се очекуваат дополнителни исплати.

    Фон дер Лајен потсети дека Македонија ги започна пристапните преговори во 2022 година и дека останува уште еден клучен чекор за отворање на првиот кластер „Основи“.

    „Знам колку е ова чувствително, но сакам да бидам јасна околу она за што се залага Европа. Ние ќе ѝ посакаме добредојде на Северна Македонија со нејзиниот идентитет и со нејзиниот јазик. Веруваме дека македонската култура и македонскиот јазик можат да ја направат нашата Унија побогата“, изјави претседателката на Европската комисија.

    Таа на прашање за патоказите што Европската Унија ги подготвува за други земји кандидати, а во кои Македонија не е опфатена, порача дека Унијата ќе подготви патокази за земјата откако ќе се надмине блокадата на процесот.

    Според најавите од Европската комисија, постепената интеграција не претставува замена за полноправното членство, туку можност земјите кандидати постепено да добиваат пристап до одредени политики и придобивки на Унијата уште пред членството, доколку ги исполнат потребните услови.

    Поврзани вести:

    Македонија побара средба со Бугарија: Муцунски и Петрова-Чамова ќе разговараат за време на состанокот за Коридорот 8

    Македонија побара средба со Бугарија: Муцунски и Петрова-Чамова ќе разговараат за време на состанокот за Коридорот 8

    Во Кочани отворен Дневен центар за лица со попреченост, поддршка за 12 корисници месечно

    Во Кочани отворен Дневен центар за лица со попреченост, поддршка за 12 корисници месечно

    Мицкоски: ЕУ да помогне во создавање услови за европско решение со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ да помогне во создавање услови за европско решение со Бугарија

    Судот му одреди 30-дневен притвор на газдата на „Пулс“ во новата истрага за поткуп

    Судот му одреди 30-дневен притвор на газдата на „Пулс“ во новата истрага за поткуп

    Перински: Не се крати боледувањето, се менуваат само медицинските критериуми

    Перински: Не се крати боледувањето, се менуваат само медицинските критериуми

    Муцунски се сретна со Урсула фон дер Лајен: Посетата е силна потврда за европската ориентација

    Муцунски се сретна со Урсула фон дер Лајен: Посетата е силна потврда за европската ориентација

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Македонија побара средба со Бугарија: Муцунски и Петрова-Чамова ќе разговараат за време на состанокот за Коридорот 8

    02/10/2026

    Во Кочани отворен Дневен центар за лица со попреченост, поддршка за 12 корисници месечно

    02/10/2026

    Мицкоски: ЕУ да помогне во создавање услови за европско решение со Бугарија

    02/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.