Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Филипче: Техничката влада мора да остане
    Политика

    Филипче: Техничката влада мора да остане

    08/01/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Првиот човек на СДСМ, Венко Филипче преку прес конференција ја отфрли идејата за лидерска средба. Воедно, кажа и дека нема шанси да се согласи за укинување на техничката Влада.

    Во продолжение, целото обраќање на Филипче:

    -Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бараа алиби за распишување на предвремени избори.

    Ова што се случува е сценарио кое што е смислено уште лани, кое јас и СДСМ го разоткривме и јавно го говоревме повеќе од два месеци. Предвремени избори па мигранти за пари. Нема пари во буџетот, власта се брза да превеземе мигранти, да земе кредит 6 милијарди евра плус 20.000 фунти по мигрант, како што пренесоа британските медиуми.

    Мицкоски и тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ нека си ги распишат изборите сами кога веќе се имаат испланирано, СДСМ нема да биде покритие за оваа сценарио.

    Техничката влада мора да остане, затоа што власта узурпираше се. Ги стави канџите во правосудството, презема целосна контрола врз обвинителството, носи измени на Кривичниот законик спротивно од препораките на Европската Унија.Тоа го прави за заштита на криминалот на власта. Донесе резолуција за укинување на слободата на говор на опозицијата, со тоа ја загуши дополнителна демократијата и донесе Закон за полиција за целосна партизација и за бркање на професионалците.

    И за сето ова во текот на утрешниот ден ќе организираме брифинг на којшто ќе ги соопштам во детали работите кои што се прават во правосудството со поднесените предлог-закони. Да не беа овие чекори, можда и можеше да се разговара, но ова е класична мафија.

    Со криминалци кои се обидуваат да узурпираат се и да се спасат себеси, нема седнување на маса за техничката влада, има само одговорност. Сето она што СДСМ го говори во изминатиот еден месец сега се случува пред очите на граѓаните. Се потврди и поврзаноста и со СНС и со Србија, исто така тоа што го зборувавме. Како е можно во рок од само еден час по изјавата на Вучиќ во Србија, Мицковски да ги споменува изборите? Што е тоа коинциденција или тоа што го зборуваме изминатите повеќе од месец дена.

    И сега е на сите јасно се, нема потреба од дополнителни објаснувања. Акцијата на Соединетите Американски Држави, Законот за западен Балкан каде фокус е борбата против криминалот и корупцијата ги забрзаа работите. Зошто постои потреба токму на најголемиот празник на Божиќ да се пласираат такви политички вести? Очигледно е дека се разоткриени пред целиот свет. Постојат најави за црни листи, за санкции на политичари од целиот регион кои што ќе бидат објавени овој или наредниот месец. Мицкоски повикува на средба, а до вчера не обвинуваа секој ден, бараа да си заминам од СДСМ, измислуваа за мене приказни, Дубаи, Харис Џинович, Сент Моритц, секој ден лажни вести, навреди додека со службите ме следат. Дури и во СДСМ од внатре се обидоа да ја рушат партијата.И сега средба? Па, дали мислат дека и јас и СДСМ сме наивни? Средба нема, техничката влада останува.

    Поврзани вести:

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема план како до повисоки плати и економски развој

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема план како до повисоки плати и економски развој

    СДСМ бара референдум за рударските проекти во засегнатите општини

    СДСМ бара референдум за рударските проекти во засегнатите општини

    Мицкоски од Њујорк: ЕУ не смее да го условува македонскиот идентитет

    Мицкоски од Њујорк: ЕУ не смее да го условува македонскиот идентитет

    СДСМ со нови обвинувања: Договор од 13,2 милиони евра поврзан со

    СДСМ со нови обвинувања: Договор од 13,2 милиони евра поврзан со

    ВМРО-ДПМНЕ со критики до Филипче: Не може да бара повисоки плати, а да е против инвестиции

    ВМРО-ДПМНЕ со критики до Филипче: Не може да бара повисоки плати, а да е против инвестиции

    Стефанија Кузмановска избрана за нова претседателка на СДММ

    Стефанија Кузмановска избрана за нова претседателка на СДММ

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема план како до повисоки плати и економски развој

    22/09/2026

    СДСМ бара референдум за рударските проекти во засегнатите општини

    22/09/2026

    Мицкоски од Њујорк: ЕУ не смее да го условува македонскиот идентитет

    22/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.