СДСМ пред некој ден извади програма за делување која не предизвика особено внимани кај јавноста. Сега пак Венко Филипче најави дека ќе му пишел писмо на ЕУ, најверојано за барем таму да привлече внимание.
Во писмото ќе го алармирал Брисел за „демонтирање” на евроинтегративниот процес од страна на македонската влада и премиерот Мицкоски. Како што самиот Филипче објасни тој воедно ќе повика и на широка општествена мобилизација за зачувување на европската иднина на државата.
Останува нејасно како тој ќе ги мобилизира граѓаните кога над 85 отсто од народот се изјасни против францускиот предлог и преговарачката рамка. А сега најново и дека 76 проценти не се согласуваат со уставните измени.
Граѓаните и на избори му кажаа што мислат за неговиот начин на водење на надворешната политика. Зарем Филипче ќе праќа писмо до Брисел, а не ги чита писмата кои македонските граѓани упорно му ги праќаат околу тоа како треба да се води Македонија по евтоинтеграцискиот пат?
Воедно, нели токму СДСМ и Филипче повикуваа на консензус за националните прашања? Каков е тој консензус ако прво се пишуваат писма до странство?
Затоа Филипче не треба да брза со праќање на писмото, прво треба да го чуе народниот глас, па да разговара со власта, па да види што може да помогне околу ЕУ – интеграциите. На пример, може да им пише писмо во Брисел дека е доста од двојните стандарди и ветата.
