Слоу Фуд Водно в сабота во локалот „Јавна соба” по четврти пат ќе го организира Фестивалот на биодиверзитетот – празник на автентичноста, локалното производство, здрави корења и полни софри.
Организаторите најавуваат дека овојпат, во фокусот ќе биде планинскиот чај. Целта и оваа година е поддршка за малите производители, кои ја чуваат традицијата, но чекорат со современите вредности и трендови. На фестивалот ќе учествуваат над 25 производители од цела Македонија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
