Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Европската индустрија предупредува: Кинеските трговски практики ги загрозуваат работните места
    Свет

    Европската индустрија предупредува: Кинеските трговски практики ги загрозуваат работните места

    09/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Четириесет и четири европски индустриски здруженија бараат од земјите членки на Европската Унија итно да преземат мерки против, како што наведуваат, нефер трговските практики на Кина. Според нив, ваквите практики го загрозуваат европското производство и ја зголемуваат опасноста од нови отпуштања и губење работни места.

    Повикот доаѓа во пресрет на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел, закажан за следната недела, на кој една од главните теми ќе биде растечкиот трговски дефицит со Кина. Неговата вредност, според наведените податоци, надминува една милијарда евра дневно.

    Меѓу потписниците на повикот се здруженија од металургијата, хемиската индустрија и производството на автомобилски делови. Тие сметаат дека Европската Унија треба поефикасно да ги користи постојните механизми за трговска заштита, но и да развие поширок пристап што ќе ги опфати целосните синџири на производство и снабдување.

    Притоа, предупредуваат дека новите мерки треба да бидат внимателно осмислени за да не предизвикаат негативни последици за блиските европски партнери, како Велика Британија, Норвешка и Швајцарија.

    Индустриските здруженија бараат и дополнително зајакнување на капацитетите на Европската комисија, вклучително и ангажирање повеќе персонал за побрзо разгледување на жалбите. Тие предлагаат и воведување нови механизми со кои ќе се реагира на нарушувањата на пазарот предизвикани од државната интервенција.

    На претстојниот самит во Брисел, европските лидери ќе разговараат и за француско-германските предлози за проширување на мерките за трговска заштита, објавени во понеделникот.

    Во меѓувреме, европскиот комесар за трговија Марош Шефчович ја завршува дводневната посета на Пекинг, во рамките на напорите за решавање на трговските несогласувања меѓу ЕУ и Кина.

    Според најавите, Шефчович се обидува да ја убеди кинеската страна да го ограничи извозот во Европската Унија во одреден сектор, најверојатно поврзан со хибридните автомобили.

    Поврзани вести:

    Црна Гора и Хрватска почнуваат разговори за „Јадран“ и отворените билатерални прашања

    Црна Гора и Хрватска почнуваат разговори за „Јадран“ и отворените билатерални прашања

    Кличко ги повика жителите на Киев да размислат за привремено напуштање на градот

    Кличко ги повика жителите на Киев да размислат за привремено напуштање на градот

    Франција распореди 2.000 војници на Блискиот Исток за заштита на сојузниците

    Франција распореди 2.000 војници на Блискиот Исток за заштита на сојузниците

    Трамп тврди дека бил погрешно разбран по изјавата дека Иран може да уништи градови во Калифорнија

    Трамп тврди дека бил погрешно разбран по изјавата дека Иран може да уништи градови во Калифорнија

    Вооружен маж убиен во престрелка со полицијата во центарот на германски град

    Вооружен маж убиен во престрелка со полицијата во центарот на германски град

    Горештините и сушата го преполовија родот во делови од Франција, се очекува најниско производство на вино во овој век

    Горештините и сушата го преполовија родот во делови од Франција, се очекува најниско производство на вино во овој век

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    кина пристаниште трговија
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Црна Гора и Хрватска почнуваат разговори за „Јадран“ и отворените билатерални прашања

    09/10/2026

    Кличко ги повика жителите на Киев да размислат за привремено напуштање на градот

    09/10/2026

    Франција распореди 2.000 војници на Блискиот Исток за заштита на сојузниците

    09/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.