Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»ЕУ турнеја низ Западен Балкан: Кошта утре во Скопје
    Република

    ЕУ турнеја низ Западен Балкан: Кошта утре во Скопје

    01/06/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, оваа недела започнува повеќедневна официјална турнеја низ Западен Балкан, со цел зајакнување на политичкиот дијалог со земјите од регионот и потврдување на европската перспектива, соопшти Европскиот совет.

    Посетата ќе трае од 1 до 5 јуни и опфаќа серија средби со државни и владини лидери, како и учество на Самитот ЕУ–Западен Балкан, кој ќе се одржи на 5 јуни во Тиват, Црна Гора. Главните теми на разговорите ќе бидат проширувањето на Европската унија, постепената интеграција, регионалната соработка, како и прашањата поврзани со безбедноста и стабилноста во регионот.

    Кошта порача дека неговата нова регионална турнеја претставува јасен сигнал за континуираната поддршка на Европската унија кон Западен Балкан. „Мојата втора турнеја низ Западен Балкан испраќа јасен сигнал: посветеноста на Европската унија кон регионот е реална, исто како и можноста за проширување. Моментумот постои. Сега е време за резултати“, изјави тој.

    Патувањето започнува на 1 јуни во Сараево, каде што Кошта ќе се сретне со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина – Денис Беќировиќ, Жељка Цвијановиќ и Жељко Комшиќ, како и со претседателката на Советот на министри, Борјана Кришто.

    Следниот ден, на 2 јуни, тој ќе престојува во Тирана, со средби со албанскиот премиер Еди Рама, претседателот Бајрам Бегај, како и со студенти од Колеџот на Европа. Истиот ден ќе пристигне во Скопје, каде што ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски, по што е најавена заедничка прес-конференција во 18:30 часот.

    На 3 јуни Кошта ќе биде во Приштина, каде ќе разговара со вршителката на должност претседател Албулена Хаџиу, премиерот во заминување Албин Курти и претставници на опозициските партии.

    Турнејата продолжува на 4 јуни во Белград, со средби со претседателот Александар Вучиќ, претседателката на парламентот Ана Брнабиќ и претставници на граѓанското општество.

    Посетата ќе заврши во Црна Гора, каде претседателот Јаков Милатовиќ ќе организира свечена вечера во Тиват по повод 20-годишнината од обновувањето на независноста. На 5 јуни, Кошта ќе копретседава со Самитот ЕУ–Западен Балкан, кој ќе биде посветен на „заедничкиот просперитет и стабилност на Европската унија и регионот“.

    Од Европскиот совет информираат дека во сите градови ќе бидат организирани прес-настани, а фото и видео материјалите ќе бидат достапни преку медиумскиот центар на институцијата.

    Поврзани вести:

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    21/10/2026

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    21/10/2026

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.