ЕУ полесно ќе депортира мигранти и баратели на азил. Имено, претставниците на земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент утрово постигнале договор за новите правила што им дозволуваат на земјите-членки да ги депортираат барателите на азил во „безбедни трети земји”, јави ДПА.
Спогодбата ќе овозможи испраќање на барател на азил во земја надвор од ЕУ што се смета за безбедна, дури и ако нема претходна врска со неа, на пример кога постои договор или аранжман помеѓу третата земја и државата на ЕУ.
Ова сè уште мора формално да се усвои пред да стапи на сила, иако ова генерално се смета за формалност бидејќи преговарачите веќе дале согласност.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







