Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп повикал да продолжат преговорите со Иран за намалување на тензиите.
Ердоган порачал дека е неопходно максимално да се искористи дипломатијата и понуди целосна поддршка од Турција за мировните напори. Двајцата претседатели разговарале и за војната во Газа, како и за одбранбениот пакт меѓу Турција, Саудиска Арабија и Пакистан.
Ердоган посочил дека израелските напади во Газа се засилиле во период кога требало да започне втората фаза од мировниот
план на Трамп.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
