Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Елмас блесна: Прв гол во сезоната во победата на Наполи над Торино
    Спорт

    Елмас блесна: Прв гол во сезоната во победата на Наполи над Торино

    07/03/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Наполи со победа ја отвори 28. рунда во Серија А, откако на домашен терен го совлада Торино со 2-1. Во триумфот на тимот од Неапол се истакна и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој го постигна својот прв гол оваа сезона во италијанското првенство.

    Домашниот тим уште од стартот ја презеде иницијативата и со голем посед на топката постојано вршеше притисок врз одбраната на гостите. Наполи поведе во седмата минута, кога Алисон Сантос најдобро се снајде во шеснаесетникот и ја испрати топката зад грбот на голманот на Торино за водство од 1-0.

    По раниот гол, наполитанците продолжија со офанзивната игра и создадоа уште неколку опасни ситуации. Најблиску до втор погодок беше Расмус Хојлунд, чиј удар од левата страна на шеснаесетникот заврши покрај стативата. Торино се обидуваше да возврати преку брзи контранапади, но ретко успеваше да создаде посериозна шанса.

    Во 68. минута следуваше одличен потег на Елиф Елмас. По асистенцијата на Матео Политано, македонскиот репрезентативец со атрактивен волеј ја затресе мрежата на гостите и го зголеми водството на Наполи на 2-0.

    Во составот на Наполи по подолга пауза се врати и искусниот Кевин Де Бројне, додека Торино до крајот успеа само да го ублажи поразот. Чезаре Касадеи во 87. минута го постигна почесниот погодок за конечни 2-1.

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Добро е што во Скопје се организираат светски спортски настани, но лошо е ако се посрамотиме како при ланските Младински олимписки игри

    17/04/2026

    Македонската футсал репрезентација во главната фаза на квалификациите за СП

    12/04/2026

    И покрај четирите убедливи порази од Германија и Словенија, ракометарките се пласираа на ЕП

    12/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.