Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Магазин»Занимливости»Експертите предупредуваат: Недостатокот на сон го забрзува стареењето
    Занимливости

    Експертите предупредуваат: Недостатокот на сон го забрзува стареењето

    29/05/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во последните години сè поголем фокус се става на долговечноста и начините на кои луѓето можат да го забават процесот на стареење. Иако на пазарот постојат бројни трендови како додатоци во исхраната, ладни бањи и различни „биохакинг“ практики, експертите истакнуваат дека најголемо влијание врз здравјето и животниот век сè уште имаат основните животни навики.

    Меѓу нив најважни се правилната исхрана, редовната физичка активност и квалитетниот сон, кои заедно претставуваат темел на добро здравје и нормално функционирање на организмот.

    Една од навиките што најчесто се поврзува со забрзано стареење е хроничниот недостаток на сон. Според експертите, телото за време на спиењето поминува низ клучни процеси на обновување, а неговото нарушување може да има сериозни последици.

    „Хроничното лишување од сон ја нарушува способноста на телото да го поправи и замени оштетеното ткиво. Сонот е клучно време за обновување на клетките“, изјавува ендокринологот д-р Сара Вон за медиумот „Параде“.

    Таа објаснува дека долготрајниот недостаток на сон го зголемува оксидативниот стрес и воспалителните процеси во организмот, што со текот на времето може да доведе до оштетување на клетките. Според неа, оваа нерамнотежа помеѓу штетата и обновувањето се смета за еден од факторите што придонесуваат за биолошко стареење. Истражувањата, исто така, укажуваат дека хроничниот недостиг од сон може негативно да влијае и на ДНК структурата.

    Слични предупредувања дава и неврологот д-р Томи Вуд, кој истакнува дека долготрајниот стрес предизвикан од недостиг на сон може да има сериозни последици врз имунолошкиот систем.

    „Ако кортизолот остане покачен подолг временски период, тоа може да ја наруши имунолошката функција“, наведува тој, додавајќи дека воспалителните процеси во телото дополнително се зголемуваат при недоволен сон, што придонесува за побрзо стареење на организмот.

    Покрај здравствените последици, недостатокот на сон има и видлив ефект врз изгледот. Според д-р Вон, дури и краток период на недоволен сон може да влијае на кожата. Таа наведува дека само две ноќи со ограничен сон во една студија довеле до намалена хидратација и еластичност на кожата.

    Д-р Вуд дополнува дека недоволниот сон може да го наруши и производството на колаген и еластин, две клучни супстанции за цврстината и младешкиот изглед на кожата. Како резултат на тоа, кожата може побрзо да ја изгуби својата еластичност и свежина.

    Експертите генерално се согласуваат дека, и покрај современите трендови и различни методи за „подмладување“, најсилното оружје против забрзано стареење остануваат едноставните навики: доволен сон, здрава исхрана и редовно движење.

    Поврзани вести:

    Автомобил со 3.400 бакнежи стана хит на интернет, но му донесе казна на сопственикот

    Автомобил со 3.400 бакнежи стана хит на интернет, но му донесе казна на сопственикот

    Светот добива нова карта: 164 држави гласаа „за“

    Светот добива нова карта: 164 држави гласаа „за“

    Светски ден на пишувањето писма: Потсетник дека највредните пораки не се испраќаат со еден клик

    Светски ден на пишувањето писма: Потсетник дека највредните пораки не се испраќаат со еден клик

    По смртта на Доли Партон нејзината музика стана најслушана во светот

    По смртта на Доли Партон нејзината музика стана најслушана во светот

    Тирана најевтина европска дестинација за есенско патување, доволни се околу 60 евра дневно

    Тирана најевтина европска дестинација за есенско патување, доволни се околу 60 евра дневно

    ТикТок ќе плати 400 милиони долари поради обвинувања за собирање податоци од деца

    ТикТок ќе плати 400 милиони долари поради обвинувања за собирање податоци од деца

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Ирска нема да учествува на Евровизија 2027 поради состојбата во Газа

    17/09/2026

    Со мирис на ајвар, музика и многубројна публика започна „Taste the South“

    13/09/2026

    Четири хороскопски знаци кои најбрзо ги препознаваат лагите и манипулациите

    08/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.