Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и организацискиот директор Нехад Нухи излегуваат од притвор откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука со која се прифаќа понудената гаранција со хипотека на имот и им определи мерки на претпазливост.
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје информира дека донесе решение постапувајќи по предлог на одбраната, по добиено позитивно мислење од надлежното Јавно обвинителство, со кое на обвинетиот Нино Васев му е определена гаранција во износ од 183.981 евро во корист на Република Северна Македонија, која се состои од ставање под хипотека недвижен имот, а на обвинетиот Нехад Нухи му е определена гаранција во износ од 348.049 евра, исто така со ставање под хипотека недвижен имот.
На обвинетите им се определени и неколку мерки на претпазливост како забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето на територијата на град Скопје и одземање на патните исправи.
