Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Единаесет членки му пишаа на Брисел, бараат крај на ветото во надворешната политика на ЕУ
    Свет

    Единаесет членки му пишаа на Брисел, бараат крај на ветото во надворешната политика на ЕУ

    02/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Единаесет членки на Европската Унија, меѓу кои Германија и Франција, побараа промена на начинот на кој се носат одлуките за заедничката надворешна и безбедносна политика, објави „Политико“. Наместо сегашното правило за едногласност на сите 27 членки, тие предлагаат одредени одлуки во иднина да можат да се усвојуваат со квалификувано мнозинство.

    Со сегашниот систем секоја земја членка има можност со вето да блокира одлука со која не се согласува. Иницијативата ја поддржуваат Германија, Франција, Австрија, Шведска, Данска, Финска, Белгија, Холандија, Романија, Луксембург и Шпанија.
    Нивните министри за надворешни работи испратиле заедничко писмо до високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Каја Калас.
    Во писмото се наведува дека земјите и натаму ќе се стремат кон консензус секогаш кога тоа е можно, но дека едногласноста не треба да го спречува заедничкото дејствување на Унијата.

    Потписниците ја повикуваат Калас да ги разгледа можностите што ги дозволуваат постојните европски договори за поефикасно носење одлуки. Како една од главните опции се посочува таканаречената „пасарела клаузула“, со која за одредени прашања може да се воведе квалификувано мнозинство без промена на основните договори на ЕУ.

    Писмото треба да биде разгледано оваа недела на состанокот на министрите за надворешни работи во Виклоу во Ирска, каде што се очекува да се разговара и за реформа на Европската служба за надворешни работи. Меѓу опциите наведени во писмото е и зајакнување на позицијата на Калас преку функција извршна потпретседателка на Европската комисија со поширок надзор врз областите на трговијата, развојната помош и одбраната.

    Поврзани вести:

    Вулканска прашина одложи на 30 летови од меѓународниот аеродром во Џакарта

    Вулканска прашина одложи на 30 летови од меѓународниот аеродром во Џакарта

    Четворица загинати и 20 повредени во израелски напади врз јужен Либан

    Четворица загинати и 20 повредени во израелски напади врз јужен Либан

    Украдени 40.000 литри „Гинис“ од магацин во Велика Британија

    Украдени 40.000 литри „Гинис“ од магацин во Велика Британија

    Иран гаѓал три танкери во Ормутскиот Теснец

    Иран гаѓал три танкери во Ормутскиот Теснец

    Долги разговори меѓу Путин и мировните пратеници на Трамп во Москва

    Долги разговори меѓу Путин и мировните пратеници на Трамп во Москва

    Путин се сретна со мировниците на Трамп

    Путин се сретна со мировниците на Трамп

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Вулканска прашина одложи на 30 летови од меѓународниот аеродром во Џакарта

    06/09/2026

    Четворица загинати и 20 повредени во израелски напади врз јужен Либан

    06/09/2026

    Украдени 40.000 литри „Гинис“ од магацин во Велика Британија

    06/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.