Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»ДЗР: Работните спорови ја чинеле државата над 64 милиони евра за шест години
    Република

    ДЗР: Работните спорови ја чинеле државата над 64 милиони евра за шест години

    17/09/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Државата нема воспоставено ефикасен и системски пристап за управување со работните спорови, што резултира со континуиран раст на бројот на предметите и со значителни финансиски обврски за буџетот, утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР). Според ревизијата на успешноста на тема „Ефектите на судските постапки од работен спор врз буџетот на државата“, бројот на предметите во работа се зголемил од 9.361 во 2021 година на 24.556 предмети во 2025 година.

    Ревизијата имала цел да оцени дали воспоставиле надлежните институции ефикасни механизми и системи за управување со работните спорови и дали преземаат соодветни мерки за намалување на своите финансиски импликации врз државниот буџет.

    За да се утврди колку средства се исплаќаат по основ на судски постапки од работни спорови, ДЗР побарал податоци од институциите застапувани од Државното правобранителство на Република Северна Македонија. Од 85 институции до кои било доставено барање, податоци доставиле 69, од кои 12 известиле дека во анализираниот период немале исплати по овој основ.

    Анализата покажала дека во периодот од 2020 до 2025 година биле исплатени вкупно 3,97 милијарди денари, односно околу 64,4 милиони евра, по основ на судски постапки од работни спорови.

    Дури 95,36 отсто од средствата биле исплатени преку налози за извршување, додека 4,64 отсто биле доброволно исплатени.

    Од вкупната сума, главниот долг изнесувал 2,05 милијарди денари, односно околу 33,2 милиони евра или 51,61 отсто. Останатите 1,92 милијарди денари, односно околу 31,1 милион евра или 48,39 отсто, се однесуваат на камати, трошоци на парничната постапка и на извршни трошоци.

    Ревизијата утврдила дека се поврзани ваквите финансиски импликации и со слабости во системот за управување со работните спорови.

    Постојната законска и подзаконска регулатива не обезбедува целосно усогласен и функционален систем. Утврдените недоречености и неусогласеноста овозможуваат различни толкувања и нееднаква примена на прописите, а не постојат ниту системски механизми за анализа на причините поради кои се поведуваат работни спорови и за иницирање соодветни измени на законската рамка.

    Во најголем дел од институциите не е воспоставен системски пристап за следење и анализа на причините за поведување на споровите и нивниот исход, додека примената на алтернативните начини за решавање на споровите е ограничена.

    Дополнително, Државното правобранителство претежно има реактивна улога, насочена кон застапување во судските постапки, без доволно развиена превентивна и советодавна функција.

    ДЗР утврдил и слабости во евидентирањето на предметите и извршувањето на плаќањата. Постојниот начин не обезбедува доволно аналитички и структурирани податоци за целосно следење на вкупните обврски и нивната структура, со што е ограничена можноста за ефикасно управување со финансиските ризици.

    Во извештајот, ДЗР дава препораки за воспоставување ефикасен систем за управување со работните спорови, подобрување на законската рамка, унапредување на евиденцијата и аналитичкото следење на предметите, како и зајакнување на механизмите за управување со финансиските импликации врз државниот буџет.

    Поврзани вести:

    Распуштена единицата за борба против дрога при СВР Куманово поради незадоволителни резултати

    Распуштена единицата за борба против дрога при СВР Куманово поради незадоволителни резултати

    ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата на Јотова за проблемите со регистрацијата на македонските здруженија

    ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата на Јотова за проблемите со регистрацијата на македонските здруженија

    Делчево започнува подготовка за воведување зонско паркирање

    Делчево започнува подготовка за воведување зонско паркирање

    Вториот пешадиски баталјон во Штип го одбележа Денот на единицата

    Вториот пешадиски баталјон во Штип го одбележа Денот на единицата

    Се реконструира објект во Касарната „Гоце Делчев“

    Се реконструира објект во Касарната „Гоце Делчев“

    Младите во Македонија си одат од дома по 30-тата година, ЕУ просекот е 26,3 години

    Младите во Македонија си одат од дома по 30-тата година, ЕУ просекот е 26,3 години

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Распуштена единицата за борба против дрога при СВР Куманово поради незадоволителни резултати

    17/09/2026

    ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата на Јотова за проблемите со регистрацијата на македонските здруженија

    17/09/2026

    Делчево започнува подготовка за воведување зонско паркирање

    17/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.