Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Две лица уапсени за пожарот на Јужен булевар во Скопје
    Хроника

    Две лица уапсени за пожарот на Јужен булевар во Скопје

    06/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Уапсени се две лица од Скопје под сомнение дека на 5 јули годинава го предизвикале пожарот на Јужен булевар, во близина на Рампа, на околу еден километар од центарот на градот. Во пожарот бил повреден еден пожарникар од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

    Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, лишени од слобода се С. А. (34) и И. Х. (39), двајцата од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, во напуштен објект на булеварот „Македонија“. При интервенцијата бил повреден пожарникар, а биле оштетени и две противпожарни возила.

    Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна кривична пријава.

    Од Центарот за управување со кризи соопштија дека денес до 13:00 часот се регистрирани шест пожари на отворен простор на територијата на државата, од кои еден е активен, а пет се изгаснати.

    Активен е пожарот во Општина Куманово, во местото Пармакови Ниви, каде гори сува трева.

    Изгаснати се пет пожари на различни локации, меѓу кои во Општина Демир Капија во селото Прждево, каде биле зафатени две куќи, помошен објект, сува трева и нискостеблеста шума. Во Општина Ѓорче Петров, кај селото Волково во близина на Лепенец, горела депонија. Пожар бил изгаснат и во Општина Новаци во селото Новаци, како и во Општина Дебар каде горело ѓубре, а во Општина Кочани на потегот Грдовци – Мојанци исто така била зафатена депонија.

    Од ЦУК најавуваат дека ќе продолжат да ја следат состојбата на терен, а надлежните служби остануваат ангажирани за целосна локализација и спречување нови пожари.

    Поврзани вести:

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    19/10/2026

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    19/10/2026

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.