Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 14 август 2026 година, околу 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 39-годишниот Е.К. од Битола.
Тој бил затекнат на улицата „Јорго Костовски“, на местото викано „Тепсија“ во Битола, како предизвикува пожар на отворен простор.
Претходно, на 13 август 2026 година, околу 23:10 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Прилеп го лишиле од слобода И.Ч. од Прилеп.
Според МВР, лицето било затекнато на местото викано „Падарица“ во Прилеп како предизвикува пожар на отворен простор, а кај него била пронајдена и запалка.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случаите против двете лица ќе биде поднесен соодветен поднесок.
