Полициски службеници од мобилната единица „Таск Форс“ привеле две лица во одделни случаи во Тетово и Гостивар, при што биле пронајдени наркотични средства.
Вчеравечер во Градскиот трговски центар во Тетово, полицијата го лишила од слобода 29-годишниот тетовчанец кај кого била пронајдена најлонска кеса со кокаин.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека лицето е осомничено за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено со член 215 од Кривичниот законик.
Во друг случај, во текот на изминатата ноќ во Гостивар, припадници на мобилната единица привеле 21-годишник од Прилеп, кој престојувал во Гостивар.
При извршен преглед кај него биле пронајдени најлонска кеса со кокаин и фолија со зелена материја за која се сомнева дека е марихуана.
Двете лица се задржани во полициска станица, а по целосното документирање на случаите, од МВР најавуваат дека против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
