Поранешните израелски премиери Нафтали Бенет и Јаир Лапид се подготвуваат да објават заеднички настап на претстојните избори во Израел, пренесува Анадолу. Според најавите, нивните партии „Јеш Атид“ и „Бенет 2026“ ќе се спојат во една нова политичка формација, која ќе ја предводи Нафтали Бенет.
„Овој потег го обединува реформскиот блок, ги завршува внатрешните поделби и овозможува сите напори да се насочат кон одлучувачка победа на изборите и кон потребните реформи во Израел“, се наведува во соопштението.
Овој чекор се смета за нова фаза во координацијата на израелската опозиција, која настојува да настапи обединето против владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Парламентарните избори во Израел се очекува да се одржат во октомври.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
