СВР Тетово поднесе кривична пријава против двајца 18-годишници од тетовското село Брвеница поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пријавени се А.Ј.(18) и Н.П.(18), двајцата жители на село Брвеница.
Според пријавата, на 12 април 2026 година во Тетово, двајцата физички ја нападнале 23-годишната П.Т. од селото Туденце, општина Јегуновце.
При нападот, девојката се здобила со повреди, по што случајот бил пријавен и биле преземени активности за утврдување на сите околности.
Од СВР Тетово информираат дека по целосното документирање на настанот е поднесена соодветна кривична пријава, а понатамошната постапка ќе продолжи согласно законските процедури.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
