27-годишна девојка од Дебар се здобила со повреди по пад од ѕид висок околу два метра во близина на угостителски објект на регионалниот пат Маврово–Дебар.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен синоќа во 23:10 часот во Полициското одделение Ростуше.
Како што наведуваат од полицијата, А.К., која била вработена во угостителскиот објект, паднала кај помошниот влез на објектот, на локацијата позната како Манастирска крстосница.
За случајот се преземаат соодветни мерки, а надлежните работат на утврдување на сите околности под кои дошло до инцидентот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
