Во изминатото деноноќие на територијата на Македонија се регистрирани 25 пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а 22 се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во Горно Лисиче во Општина Аеродром, каде што гори ниска вегетација, дрвја и пченка, како и пожарот на излезот од Крива Паланка, каде што е зафатена депонија. Под контрола е пожарот над селото Зелениково, каде што гореле шума и ниска вегетација.
Во текот на денот биле изгаснати пожари во повеќе скопски општини, меѓу кои Гази Баба, Ѓорче Петров, Сопиште, Арачиново, Студеничани и Карпош, како и во Новаци, Долнени, Прилеп, Чашка, Велес, Росоман, Струга, Липково, Врапчиште, Желино, Гостивар и Делчево. Во најголем дел од
случаите горела ниска вегетација, а на поединечни локации биле зафатени
шума, дрвја, отпад и депонии.
Од ЦУК информираат дека состојбата со пожарите континуирано се следи и
дека надлежните служби интервенираат согласно потребите.
