Во текот на вчерашниот ден во полицискиот билтен се регистрирани два инциденти во автобуси на ЈСП во Скопје. Возрасна жена паднала во автобус на крстосницата меѓу улиците „Васил Ѓоргов“ и „Франклин Рузвелт“, при што се здобила со тешки повреди и била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“.
Во автобус на ЈСП 42-годишен контролор бил нападнат од патник без билет. Пресметката продолжила и надвор од автобусот, а на друга постојка повторно бил нападнат од истиот напаѓач со уште две лица.

