Министерството за образование и наука ќе ја зголеми поддршката за талентираните студенти. Ова го најави министерката Весна Јаневска, на конференцијата на Факултетот за математички и природни науки, каде што беа презентирани успесите на студентите и нивните ментори постигнати на меѓународни научни олимпијади од областа на хемијата. „Почнувајќи од оваа година, Министерството целосно ќе ги покрие трошоците за патување и регистрација на студентите и менторите кои ќе се квалификуваат за меѓународни научни олимпијади или натпревари,“ рече Јаневска. На Меѓународната олимпијада по хемија што се одржа годинава во Дубаи, учениците од Македонија освоија сребрен и бронзен медал, како и благодарница, додека на Меѓународната олимпијада Менделеев во Бело Хоризонте, Бразил, освоија два бронзени медали.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







