Образовниот систем е еден од столбовите на државата. А столб во тој систем треба да е наставникот. Колку е ценета оваа професија во Македонија? Колку институционално се помага на наставниците кои се судруваат со разни предизвици и потреби? На овие прашања често треба да дава одговор ресорното министерство. Вчера беше празникот на просветните работници. Имаше разни пригодни функционерски говори, се даваа и признанија за најдобрите наставници. Беше најавен и почеток на кампања за подигнување на јавната свест за суштинската важност и незаменливата улога на наставниците во општеството. Да се надеваме дека ова е само почеток на она што треба да се направи, а не да се чека нов празник за да се кажат убави зборови и ветувања за наставниците. Секако, на потег се и самите наставници кои треба да го дигнат нивото на својата работа, оти тие пак треба да пренесат знаење и вештини на еден друг важен столб во државата – на децата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
