Големиот пожар во атарот на селото Лознани, Општина Могила, се приближи опасно близу до првите куќи во селото, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.
Според Ангелов, благодарение на брзата реакција на битолските пожарникари, со помош и на неколку жители на селото, било спречено огнот да предизвика поголема катастрофа и да ги зафати домовите.
Тој посочи дека пожарот има исклучително голем фронт, при што линијата на огнот е долга околу осум километри.
Ситуацијата на терен се следи, а пожарникарите и останатите надлежни екипи продолжуваат со активности за ставање на огнот под контрола.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
