Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Драма кај Бонче: Доброволни пожарникари го спасија селото од огнената стихија
    Хроника

    Драма кај Бонче: Доброволни пожарникари го спасија селото од огнената стихија

    23/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Рано утрово вистинска драма се одвивала над селото Бонче, каде што голем пожар со огромна брзина се движел по падината, загрозувајќи го селото. Огнените јазици достигнувале височина од три до четири метри, но благодарение на навремената реакција на доброволните пожарникари од Битола и Кочани, огнот бил спречен да се прошири кон куќите.

    На терен бил директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој им се заблагодари на пожарникарите и посочи дека тие биле превентивно испратени во Бонче уште претходниот ден поради опасноста од ширење на пожарот.

    „За малку ќе отидеше цело село, да не беа доброволните пожарникари“, изјави Ангелов.

    Пожарникарите сведочат дека условите за гаснење биле исклучително тешки. Околу пет часот наутро огнот се движел со голема брзина по падината, потпомогнат од силен и непредвидлив ветер кој постојано го менувал правецот.

    „На многу пожари сме учествувале, но ова што го видовме утрово беше нешто невидено. Пожарот одеше со огромна брзина, со пламен висок три до четири метри“, раскажа еден од пожарникарите.

    Околу 20 доброволци од Битола и Кочани, заедно со жители од селото, со часови се бореле со огнената стихија. Тешкиот терен и густиот чад дополнително ја отежнувале интервенцијата.

    „Имаше момент кога од чад не можев да видам каде одам, ниту каде е огнот“, сведочи пожарникар.

    Голема помош во интервенцијата бил специјализираниот камион на ДПД Кочани, со погон на сите четири тркала, кој овозможил пристап до тешко достапните планински делови.

    Пожарникарите од Кочани претходно биле ангажирани и кај прилепските гробишта, каде што исто така се соочиле со сериозен пожар. Според нивните сведоштва, таму пламените јазици достигнувале и до шест или седум метри. И покрај дефект на возилото, екипата успеала брзо да го оспособи и повторно да продолжи со гаснењето.

    Ангелов порача дека развојот на доброволното пожарникарство ќе остане еден од приоритетите, посочувајќи дека доброволните пожарникари ова лето имале клучна улога во спречувањето на повеќе пожари.

    „Денес го спасивте Бонче, пред неколку дена Крушевица, работевте и во Лопатица, а вчера и во Прилеп. Воодушевен сум од вашиот ангажман“, истакна Ангелов.

    Поврзани вести:

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    19/10/2026

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    19/10/2026

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.