Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Дали сте слушнале
    • Интервју
      • Директно со
    Прва Скопска ТВ
    Home » Донорството овозможи две успешни операции кај деца со деформитети на стапалата
    Некатегоризирано

    Донорството овозможи две успешни операции кај деца со деформитети на стапалата

    06/12/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Првата интервенција е извршена кај 14-годишно девојче со вродена аномалија на стапалата. Постигната е стабилна корекција, по што пациентката се врати на вообичаените активности, информира Министерството за здравство.

    Операцијата ја предводеа науч. сор. д-р Ненад Атанасов и асс. д-р Милена Богојевска Доксевска, во тим со д-р Даница Поповска, д-р Армин Амедовски, д-р Ријад Ајро, анестезиологот д-р Лилјана Анѓелеска, анестетичарката Гордана Захариева, инструментарките Билјана Тројановиќ и Сузана Пејчиновска, радиолошкиот техничар Крешник Шеху и болничарката Ирена Галевска.

    Втората трансплантација е направена кај 13-годишно момче со повторен деформитет на стапалото. Пациентот е испишан во добра состојба и го очекува рехабилитација. Тимот го предводеше проф. д-р Зоран Божиновски, со анестезиолог д-р Ивана Крстевска Трпковска и асистенти д-р Теодора Божиновска и Искра Шојлеска Јовановска.

    Во интервенцијата учествуваше и средно медицинскиот кадар: Злата Апостолоска, Кристина Реџеп, Ширете Муртезани, Крешник Шеху и Снежана Тодоровска.

    Користењето кадаверични коскени трансплантати има особено значење во детската ортопедија – се избегнува дополнителна хируршка рана, болка и нови деформации, а интервенциите се пократки и побезбедни.

    „Донорството спасува и менува животи. Благодарение на семејствата што даруваат и на тимовите што посветено работат, денес имаме две млади лица кои добиваат шанса за подобар и побезболен живот“, изјави националниот координатор за трансплантација, Билјана Кузмановска.

    Министерството за здравство упати искрена благодарност до двата медицински тима и до семејствата на донорите за нивната хуманост.

    Поврзани вести:

    Директорка во Делчево набавила лажен сертификат за познавање на јазик, заработи кривична пријава

    Директорка во Делчево набавила лажен сертификат за познавање на јазик, заработи кривична пријава

    Пратеникот Демири се одделува од коалицијата и ќе делува самостојно

    Пратеникот Демири се одделува од коалицијата и ќе делува самостојно

    Полицијата казнуваше во Скопје за време на прославата на Денот на албанското знаме: Вкупно 12 казни, најмногу за опасно однесување

    Полицијата казнуваше во Скопје за време на прославата на Денот на албанското знаме: Вкупно 12 казни, најмногу за опасно однесување

    Во мусаката и на три чешми во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае најдени фекални бактерии

    Во мусаката и на три чешми во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае најдени фекални бактерии

    Каде завршила пченицата од стоковите резерви во вредност од 800 илјади евра во време на власт на СДС и дали, покрај Димковски, профитирал и Љупчо Николоски, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

    Каде завршила пченицата од стоковите резерви во вредност од 800 илјади евра во време на власт на СДС и дали, покрај Димковски, профитирал и Љупчо Николоски, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

    Одрони и свлечишта по дождовите: Ажурирана состојба во Тетово, Штип и Каменица

    Одрони и свлечишта по дождовите: Ажурирана состојба во Тетово, Штип и Каменица

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Директорка во Делчево набавила лажен сертификат за познавање на јазик, заработи кривична пријава

    05/12/2025

    Пратеникот Демири се одделува од коалицијата и ќе делува самостојно

    30/11/2025

    Полицијата казнуваше во Скопје за време на прославата на Денот на албанското знаме: Вкупно 12 казни, најмногу за опасно однесување

    29/11/2025
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Jumbo Маркети
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2025 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.