Одделот за внатрешна контрола при МВР извршил проверки како постапувале полициските службеници од СВР Велес околу целиот случај на неодамна убиената Росица Коцева.
По насока дадена од министерот Панче Тошковски извршени се детални проверки во врска со постапувањето на Секторот за внатрешни работи Велес по сите настани кои биле пријавени од страна на жртвата.
Врз основа на извршените проверки поднесен е предлог за поведување на дисциплинска постапка за 11 лица вработени во СВР Велес, а за утврдените наоди писмено е известено и Јавното обвинителство за натамошно постапување во рамки на нивната надлежност.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
