Времето денес ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 2 степени во Маврово до 8 степени во Гевгелија, додека максималните дневни ќе бидат од 14 степени во Берово до 20 степени во Гевгелија.
Во Скопје ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер, а температурата ќе се движи од 5 до 20 степени.
Прогнозата за утрешниот неработен ден вели дека ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h. Минималните температури ќе бидат од 4 до 10 степени, а максималните од 14 до 22 степени.
Од вторник не очекува поголема стабилизација на времето и вистинска пролет со температури над 20 степени.

