Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, а во поголем дел од земјата ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.
Според прогнозата, вдолж Повардарието ветерот повремено ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час. Утринските температури ќе се движат од 0 до 9 степени, додека дневните ќе бидат меѓу 12 и 20 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од минимални 6 до максимални 15 степени.
За утре синоптичарите најавуваат променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини дождот ќе преминува во снег, а ќе продолжи да дува умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Максималните температури ќе се движат од 10 до 18 степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и променливо облачно време. Исклучок ќе биде петок, кога на одделни места се очекуваат слаби локални врнежи од дожд, а на планините – слаб снег.
