Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во некои региони на Македонија ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 24 степени.
За време на викендот следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Во сабота е можен дожд, додека во недела времето ќе се смири и ќе дува умерен ветер од северен правец.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
