Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се движи од 32 до 40 степени, додека минималната ќе биде меѓу 14 и 23 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во одделни делови од котлината повремено ќе биде засилен. Утринската температура ќе се спушти до 19 степени, а дневната ќе достигне околу 38 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре и задутре се очекува промена на временските услови. На повеќе места ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, што ќе донесе и благо освежување во однос на екстремно високите температури.
