Денеска нè очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, но во попладневните часови на повеќе места ќе има услови за нестабилност.
Според прогнозата, локално ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на одделни места временските процеси може да преминат во невреме проследено со силен ветер и појава на град.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 32 до 36 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од котлината се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можно е и локално невреме со град.
Минималната температура во главниот град ќе биде околу 19 степени, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според најавите, во текот на новата работна седмица ќе преовладува сончево и топло време, со можност за слаба локална нестабилност во попладневните часови.
