Македонија денеска ја очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а попладне во повеќе делови од земјата ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 10 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат од 30 до 38 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 35 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре услови за нестабилност ќе има претежно во планинските региони.
Од четврток следува нов топлотен бран, а за време на викендот температурите на повеќе места ќе надминат 40 степени Целзиусови.
