Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Ден на Светите Кирил и Методиј: Од старите јужномакедонски говори го направија првиот книжевен јазик на сите Словени
    Република

    Ден на Светите Кирил и Методиј: Од старите јужномакедонски говори го направија првиот книжевен јазик на сите Словени

    24/05/20264 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Мисионери на христијанството меѓу Словените, сесловенски апостоли, автори на првата словенска азбука – глаголицата, борци за правото Божјото слово да се проповеда на мајчин јазик… сето ова стои зад светите браќа Кирил и Методиј. Празнувањето на 24-ти мај, денот кога тие во далечната 863 година ја започнале познатата Моравска мисија, е прилика за потсетување на огромното дело на солунските браќа кои во Македонија прво ја создале азбуката, за потоа да ја шират меѓу словенските народи. Тоа овозможи да почнат да се прават записи и на словенски јазик.

    Историјата забележала дека Св. Кирил и Св. Методиј се родени браќа од Солун, од угледно семејство, со татко Лав и мајка Марија. Токму родителите ги упатуваат своите деца во христијанството. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени, по што станал монах. Константин, пак, своето образование го усовршил во Цариград во императорското Магнаурско училиште, каде, освен богословските науки, се изучувале и граматика, аритметика, географија, астрономија, а ги научил и јазиците – латински, еврејски и сириски.

    Подоцна, двајцата солунски браќа почнуваат да добиваат тешки и одговорни задачи од страна на византискиот двор. Најпрво биле испратени во мисија кај Сарацените (Арапите) во Багдад, која како и Хазарската и Моравската мисија претставувале дел од политичката програма на Византија, чија основна цел е да ги христијанизираат другите народи на исток и север од Византија.

    Секако, клучна за нивната дејност била Моравската мисија. Тогашниот кнез на Велика Моравија, Ростислав, испратил молба до византискиот цар Михаил III овој да испрати, епископ и учител, кој ќе им објаснува на нивниот јазик за вистинската христијанска вера. Изборот паднал на светите браќа.

    За таа, но и за други потреби, по неколкугодишна дејност на браќата, а пред сè на Константин била создадена првата словенска азбука (855 г.), позната како глаголица. Во нејзината основа се поставени јужномакедонските говори од околината на градот Солун (од селата Сухо, Велика и Зарово). Со ова, глаголското писмо или глаголица е најстарата позната словенска азбука чие име доаѓа од старословенскиот збор глаголъ, што значи збор и која тогаш има 41 буква, но нивниот број малку варира во подоцнежните верзии.

    И прво нешто што напишале со новите букви било Евангелието, односно, го превеле Светото писмо на мајчин јазик – на старомакедонскиот словенски јазик со македонско наречје. Истовремено, тие избрале и достојни ученици и помошници и тргнале во Моравија каде биле пречекани со голема радост и со големи почести. Набргу потоа отвориле училиште, во кое ги подготвувале идните свештенослужители и учители за западните словенски народи. Тука наишле на голем отпор од германски свештеници. Тие ги обвинувале солунските браќа затоа што службата ја изведувале на словенски јазик, тврдејќи дека Божјото слово треба да се проповеда само на три јазици: еврејскиот, грчкиот и латинскиот.

    Поради ваквите пречки во работата, Кирил и Методиј тргнале за Рим со намера лично пред папата да ја образложат својата дејност и да ги оспорат многуте клевети. На патот кон Рим минале низ Панонија (исто така, словенско кнежевство), каде што кнезот Коцел бил одушевен од нивната служба и посакал и во неговото кнежевство службата да се изведува на разбирлив словенски јазик. Потоа, стигнале во Венеција, каде што Кирил имал остра полемика во одбрана на правото сите народи, така и на Словените на свој јазик да ја изведуваат богослужбата. „Не врне ли дожд од Бога еднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за сите? Зарем не дишиме воздух сите еднакво? Па, тогаш, како не се срамите да признаете само три јазика, а сите други народи сакате да бидат слепи и глуви?“, им рекол Кирил, додавајќи дека и Персијанците, Ерменците, Арабјаните, Хазарите и другите народи го проповедаат словото Божјо на свој јазик и дека е незамисливо, дури и апсурдно тоа да се прави на јазик неразбирлив за верниците.

    На крајот, во Рим биле примени со големи почасти од папата Адријан II кој ги одобрил словенските богослужбени книги и наредил да бидат поставени во олтарот на црквата Санта Марија Маџоре и богослужби да се вршат на словенски јазик во три римски цркви.

    Кирил во Рим тешко се разболел и починал на 14 февруари 869 година. Методиј епохалното мисионерско дело меѓу западните Словени го продолжува сам со помош на своите ученици, кои во Рим биле ракоположени во свештенички чин. Непријателството од германските свештеници не престанувало. Истоштен од напори и измачувања, Свети Методиј почина во Нитра, 885 година. Неговите ученици биле подложени на измачувања и прогони, но мисијата продолжувала.

    Поврзани вести:

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    глаголица празнување свети кирил и методиј
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    21/10/2026

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    21/10/2026

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.