Повеќе населени места и улици во Скопје денеска ќе бидат без снабдување со електрична енергија поради планирани интервенции на дистрибутивната мрежа.
Од ЕВН „Македонија“ АД информираат дека прекини во снабдувањето ќе има во неколку скопски општини, во различни временски интервали.
Во Општина Чаир, од 8:00 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Славеј Планина“, улицата „Прохор Пчински“ и улицата „Јоаким Крчовски“.
Во периодот од 9:00 до 12:00 часот прекин е најавен за жителите на месноста Горно Соње, од црквата „Св. Никола“ нагоре, во Општина Сопиште.
Во Општина Аеродром, од 9:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на улиците „Ѓорѓи Капчев“ број 31, „Ристо Аврамовски“ и „Димитар Солев“.
Истиот период, од 9:00 до 12:00 часот, прекин ќе има и за фирмата СТХ ДОО Скопје во кругот на Стаклара, како и за дел од околните објекти во Општина Кисела Вода.
Во Општина Бутел, пак, од 9:00 до 13:00 часот без напојување ќе бидат корисниците од дел од улицата „Боро Кралевски“ во населбата Радишани.
Од компанијата апелираат корисниците да имаат разбирање додека траат планираните активности на електроенергетската мрежа.
