Дел од жителите на скопската општина Карпош денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани активности на електродистрибутивната мрежа.
Од ЕВН Македонија информираат дека прекинот ќе трае во периодот од 08:40 до 13:00 часот.
Без напојување ќе бидат корисниците од улиците „Миладин Поповиќ“, „Драган Ѓаконовски – Шпато“ и „Беджих Сметана“.
Од компанијата апелираат граѓаните да ги имаат предвид временските рамки за прекинот и да ги преземат потребните мерки додека трае интервенцијата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
