Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Дарко Додев се сели во Казахстан, потпишува за Алтаи
    Спорт

    Дарко Додев се сели во Казахстан, потпишува за Алтаи

    16/06/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Македонскиот репрезентативец Дарко Додев кариерата ќе ја продолжи во Казахстан, откако постигна договор со екипата на Алтаи. Напаѓачот ќе стави потпис на договор со важност од една и пол година, а казахстанскиот клуб успеа да ја добие трката со неколку заинтересирани тимови кои покажуваа интерес за неговите услуги.

    Додев зад себе има одлична сезона во дресот на Силекс, каде што се наметна како еден од најдобрите напаѓачи во Првата македонска фудбалска лига. Неговите добри настапи и голови не останаа незабележани, па токму тие му овозможија нов интернационален ангажман.

    Добрата форма му донесе и повик во македонската репрезентација од селекторот Гоце Седлоски. Додев беше дел од националниот тим за пријателските натпревари против Босна и Херцеговина и Турција во рамки на јунскиот репрезентативен циклус.

    За Додев ова нема да биде прво искуство во странство. Во минатото настапуваше за албанска Влазнија, а во македонскиот шампионат го носеше дресот на Металург, Брегалница, Тиквеш, Шкупи и Силекс.

    Со преселбата во Алтаи, македонскиот напаѓач ќе добие нов предизвик во кариерата и можност да се докажува на казахстанската фудбалска сцена.

    Поврзани вести:

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата, до крајот на сезоната го чека битка за напредок

    Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата, до крајот на сезоната го чека битка за напредок

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    19/10/2026

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    19/10/2026

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.