Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Дали некои „пумпаши“ го чуваат бензинот купен по стара цена за да остварат екстра профит од нафтената криза?
    Економија

    Дали некои „пумпаши“ го чуваат бензинот купен по стара цена за да остварат екстра профит од нафтената криза?

    07/03/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во време кога светските пазари на нафта се тресат поради војната на Блискиот Исток, некои бензинските пумпи во Македонија вчера одлучија да „ги чистат резервоарите“ или имаа прекин на струјата па привремено да престанаа да точат бензин. На некои бензински можело да се точи само „до 1.000-ка“.

    Граѓаните, кои реагираа на социјалните мрежи го поставуваа прашањето: Дали некои пумпаши ја чуваат нафтата купена по стара цена за да ја продаваат по повисока кога ќе поскапи.
    Ситуацијата предизвика нервоза кај дел од возачите, особено откако на некои бензински станици се појавија ленти или ограничувања за точење гориво.

    Владата, пак, уверува дека нема простор за паника и дека залихи на нафтени деривати има доволно. Премиерот Христијан Мицкоски по средба со претставници на нафтената индустрија изјави дека состојбата со горивата е под контрола и дека потребите на државата се целосно задоволени.

    Во меѓувреме, институциите најавија и засилени инспекциски контроли на бензинските пумпи за да се провери дали некој намерно го ограничува точењето гориво. Министерството за финансии посочи дека нема потреба од создавање паника, но дека инспекторите ќе бидат на терен за да се утврди дали има неправилности.

    Причината за сомнежите не е случајна. Секојпат кога се очекува поголем раст на цените на нафтата, се појавуваат сомневањата дека дел од трговците се обидуваат да ги зачуваат залихите купени по пониска цена. На тој начин, наместо веднаш да ги продаваат по старите цени, тие би можеле да остварат значително поголема заработка откако ќе се корегираат цените на пазарот.

    Експерти предупредуваат дека ваквата практика, ако се покаже како вистинита, претставува класична шпекулација со стока во време на криза. Во услови кога граѓаните се соочуваат со неизвесност и можен раст на цените на горивата, ваквото однесување би значело директно профитирање од стравот и од кризата.

    Од друга страна, трговците со нафта негираат дека има намерно задржување на горивото. Според нив, дел од прекините се навистина последица на технички процедури, логистика или зголемена побарувачка.
    Но токму затоа државата најавува проверки. Доколку се утврди дека некоја бензинска пумпа намерно го ограничувала точењето гориво, може да се соочи со санкции.

    Во меѓувреме, Македонија внимателно ја следи ситуацијата на глобалниот енергетски пазар. Владата веќе најави дека, доколку дојде до поголем раст на цените на нафтата, можно е да се интервенира со намалување на акцизите или други мерки за да се ублажи ударот врз граѓаните.

    Поврзани вести:

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Синдикалната минимална кошница за октомври достигна 70.358 денари

    Синдикалната минимална кошница за октомври достигна 70.358 денари

    Кој нема да поднесе изјава ќе престане да биде член на задолжителен пензиски фонд

    Кој нема да поднесе изјава ќе престане да биде член на задолжителен пензиски фонд

    Оризопроизводителите ќе добијат дополнителна поддршка од околу осум денари за килограм предадена арпа

    Оризопроизводителите ќе добијат дополнителна поддршка од околу осум денари за килограм предадена арпа

    Нови закони за рударство и геологија: Дигитализација, европски стандарди и поголема заштита на животната средина

    Нови закони за рударство и геологија: Дигитализација, европски стандарди и поголема заштита на животната средина

    Нови цени на горивата: Бензините поевтини, дизелот поскапува за два денари

    Нови цени на горивата: Бензините поевтини, дизелот поскапува за два денари

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    бензин нафтена криза пумпи
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    20/10/2026

    Синдикалната минимална кошница за октомври достигна 70.358 денари

    20/10/2026

    Кој нема да поднесе изјава ќе престане да биде член на задолжителен пензиски фонд

    20/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.