Kаква храна јадат младите е многу важно прашање. Особено дали храната е безбедна е нешто на што државата мора да внимава. Во тој правец Агенцијата за храна и ветеринарство минатата недела ги проверувала сендвичарите и бурекџилниците во непосредна близина на училиштата. Од 445 инспекциски контроли, кај 19 откриеле дека во промет се продавала небезбедна храна, кај 30 биле утрврдени незадоволителни хигиенски барања за безбедност на храната, а 26 воопшто не биле регистрирани како оператори со храна.
Понатаму, АХВ открила и дека 60 оператори немале имплементирано процедури за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а дури 32 немале спроведено задолжителен здравствено-саниратен преглед на вработените лица.
Сето ова загрижува и повикува контролите да продолжат и во други објекти каде се продава храна, а да ги опфатат и фирмите што ги снабдуваат училишните мензи.
