Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Црна Гора со нов исчекор кон ЕУ: Денеска затвора три преговарачки поглавја
    Свет

    Црна Гора со нов исчекор кон ЕУ: Денеска затвора три преговарачки поглавја

    12/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Црна Гора денеска ќе направи нов значаен чекор на патот кон членство во Европската Унија, откако на Меѓувладината конференција во Луксембург се очекува да затвори три преговарачки поглавја, наместо претходно најавените две.

    Веста ја соопшти вицепремиерот за надворешни и европски прашања, Филип Ивановиќ, кој истакна дека покрај Поглавјето 18 (Статистика) и Поглавјето 19 (Социјална политика и вработување), постои можност да биде затворено и Поглавјето 17, кое се однесува на економската и монетарната политика.

    „Одлични вести за европската интеграција на Црна Гора – наместо најавените две, денеска на Меѓувладината конференција ќе бидат затворени три поглавја. Владата продолжува одговорно и посветено да го води европскиот процес“, порача Ивановиќ.

    Иако Советот на Европската Унија претходно официјално најави затворање на две поглавја, претставници од црногорската опозиција истакнаа дека во текот на денот може да биде обезбедена согласност и за затворање на Поглавјето 17.

    Црна Гора останува најнапредниот кандидат за членство во Европската Унија меѓу земјите од Западен Балкан. Властите во Подгорица очекуваат до крајот на годинава да ги затворат сите преостанати преговарачки поглавја.

    Земјата го поднесе барањето за членство во ЕУ во декември 2008 година, а пристапните преговори ги започна во 2012 година. Европската Унија веќе има предвидено повеќе од три милијарди евра средства за Црна Гора во рамки на новата седумгодишна финансиска рамка.

    Поврзани вести:

    Нетанјаху бара кривично гонење на учесниците во документарецот „НАЗА“

    Нетанјаху бара кривично гонење на учесниците во документарецот „НАЗА“

    Јотова за случајот со Ива Михајлова: Не знам како ја напуштила Македонија, има многу нејаснотии

    Јотова за случајот со Ива Михајлова: Не знам како ја напуштила Македонија, има многу нејаснотии

    Хутите ги засилија нападите врз Саудиска Арабија, погодени аеродроми во Ријад и Дамам

    Хутите ги засилија нападите врз Саудиска Арабија, погодени аеродроми во Ријад и Дамам

    Словенците гласаа против клучните законски измени на обврзувачкиот референдум

    Словенците гласаа против клучните законски измени на обврзувачкиот референдум

    Папата Лав XIV ќе оди на операција на белите дробови, лекарите откриле јазолче во рана фаза

    Папата Лав XIV ќе оди на операција на белите дробови, лекарите откриле јазолче во рана фаза

    Поплави во Непал: Надојдена вода однесе десетици куќи и мостови, жителите евакуирани

    Поплави во Непал: Надојдена вода однесе десетици куќи и мостови, жителите евакуирани

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Нетанјаху бара кривично гонење на учесниците во документарецот „НАЗА“

    12/10/2026

    Јотова за случајот со Ива Михајлова: Не знам како ја напуштила Македонија, има многу нејаснотии

    12/10/2026

    Хутите ги засилија нападите врз Саудиска Арабија, погодени аеродроми во Ријад и Дамам

    12/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.