Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Четврта жртва од западнонилската треска во Македонија, на Инфективна се лекуваат 20 пациенти
    Хроника

    Четврта жртва од западнонилската треска во Македонија, на Инфективна се лекуваат 20 пациенти

    18/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Уште еден пациент со лабораториски потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска почина на Универзитетската клиника за инфективни болести, со што бројот на жртви од оваа болест во Македонија се искачи на четири.

    Директорот на Клиниката, Фадил Цана, информираше дека станува збор за 76-годишен пациент кој бил хоспитализиран 27 дена. И покрај лекувањето, поради тешката невроинвазивна форма на болеста и сериозните придружни заболувања, кај него настапил летален исход.

    Во моментов на Клиниката се лекуваат 20 пациенти со западнонилска треска. Од нив, 18 случаи се лабораториски потврдени, додека двајца пациенти се водат како суспектни. На Одделот за интензивна нега се згрижени пет лица со тешка клиничка слика, кои се лекуваат согласно сите медицински протоколи.

    Досега од Клиниката како излекувани се отпуштени 15 пациенти.

    Цана соопшти дека кај 25-годишната пациентка, која претходно се водеше како суспектен случај, е потврдена невроинвазивна форма на западнонилската треска. Во текот на ноќта бил хоспитализиран и 24-годишен пациент од скопската општина Центар, за кого се очекуваат резултатите од лабораториските анализи.

    Тој појасни дека сите пациенти кои развиле невроинвазивна форма на болеста задолжително се лекуваат во болнички услови.

    „Според медицинските статистики, околу еден процент од заразените развиваат тешка невроинвазивна форма на болеста. Напредната возраст претставува независен ризик-фактор за потежок тек и можен смртен исход“, изјави директорот на Клиниката за инфективни болести.

    Поврзани вести:

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    19/10/2026

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    19/10/2026

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.