Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Четири чисти, пет загадени локации во Гостивар: Клековски вели дека мерките мора да продолжат
    Република

    Четири чисти, пет загадени локации во Гостивар: Клековски вели дека мерките мора да продолжат

    23/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Состојбата во Гостивар по кризата со водоснабдувањето постепено се стабилизира, а во моментов нема нови хоспитализации на лица со стомачни тегоби, информираше министерот за здравство Сашо Клековски.

    Тој најави дека сите резултати од анализите за исправноста на водата ќе бидат јавно објавени, но упати апел до граѓаните да продолжат внимателно да ги почитуваат препораките сè додека не завршат сите интервенции во водоводниот систем.

    „Од понеделникот анализите покажуваат четири чисти и пет загадени локации. Иако бројот на заболени се намалува, мерките мора строго да се почитуваат“, изјави Клековски.

    Според него, досегашните анализи покажале присуство на астровирус и бактеријата шигела кај дел од примероците, но резултатите не се целосно идентични, поради што засега не може да се утврди еден единствен причинител за појавата на здравствените проблеми.

    Министерот нагласи дека граѓаните треба да се информираат само преку официјалните институционални канали, за да се избегне ширење различни и неточни информации. Тој посочи дека Министерството за здравство ги следи препораките на Комисијата за заразни болести, додека контролата на квалитетот и исправноста на водата е во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство.

    Клековски информираше дека веќе се пристигнати дел од анализите направени од Центарот за јавно здравје – Тетово, а се очекува и извештајот од Институтот за јавно здравје. По добивањето на сите резултати ќе биде направена споредба на примероците земени од различни контролни точки и целокупните податоци ќе бидат објавени.

    „Не е точно дека сите наоди се позитивни. Има и негативни резултати, но мора да се утврди на кои точки се однесуваат. Ништо нема да биде сокриено, сè ќе биде целосно транспарентно“, порача министерот.

    Тој додаде дека паралелно се вршат анализи и на Клиниката за инфективни болести, со примена на различни методи за поголема точност на резултатите.

    Според досегашните сознанија, станува збор за комбинација од бактериско, односно фекално загадување и вирусно загадување, кое можно е да е поврзано и со атмосферски води.

    Клековски посочи дека засега не може да каже точен рок кога водата во Гостивар повторно ќе биде безбедна за пиење, бидејќи санацијата на водоводниот систем е во надлежност на други институции.

    „Епидемијата постепено се смирува. Следува детална анализа за да се утврди што точно се случило, каде имало пропусти и како да се спречи ваква состојба во иднина. Одговорност мора да има, но најважно е да извлечеме поуки и да го подобриме системот“, истакна министерот.

    Поврзани вести:

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    Осум нови случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во Македонија во септември

    Осум нови случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во Македонија во септември

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    21/10/2026

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    21/10/2026

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.