Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Чад од пожарот на Косово го покри Скопје, граѓаните ги затвораат прозорците
    Хроника

    Чад од пожарот на Косово го покри Скопје, граѓаните ги затвораат прозорците

    04/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Големиот шумски пожар што денеска избувна на косовска територија, во близина на границата со Македонија, а се прошири кон скопското село Грачани, и вечерва останува активен. Во исто време, густа миризба на чад се чувствува во повеќе делови од Скопје.

    Според надлежните служби, пожарот тешко се локализира поради непристапниот терен. Косовските власти побарале помош од Македонија, по што бил испратен хеликоптер кој интервенирал во гаснењето на огнот на косовска територија.

    Во пожарот се зафатени сува трева, ниска вегетација и шумски појаси, а во одредени моменти огнената линија достигнувала должина од околу пет километри.

    Во текот на денот и вечерта на терен биле ангажирани пожарникари од Скопје, екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, како и два „ер-трактори“ кои дејствувале од воздух.

    Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека пожарот се приближил до селото Грачани, но благодарение на воздушните интервенции огнената линија била пресечена на најкритичните точки за да се спречи неговото ширење кон населеното место.

    Околу 18:30 часот надлежните соопштија дека пожарот гори на косовска територија и дека во тој момент нема активно огнено жариште на македонска страна.

    Сепак, чадот од пожарот вечерва се прошири низ речиси целото Скопје. Граѓаните сведочат дека во повеќе населби биле принудени да ги затворат прозорците поради силната и непријатна миризба на чад.

    Поврзани вести:

    Пожарот кај Грачани сè уште активен, нема опасност за населените места

    Пожарот кај Грачани сè уште активен, нема опасност за населените места

    Патничка тешко повредена при судир на автобус и автомобил во скопската населба Маџари

    Патничка тешко повредена при судир на автобус и автомобил во скопската населба Маџари

    Возач со над два промили алкохол излетал од патот во светиниколско, немал ниту важечка возачка дозвола

    Возач со над два промили алкохол излетал од патот во светиниколско, немал ниту важечка возачка дозвола

    Седум жртви од западнонилска треска во Македонија, почина 69-годишен пациент

    Седум жртви од западнонилска треска во Македонија, почина 69-годишен пациент

    Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал сопругата и малолетната ќерка

    Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал сопругата и малолетната ќерка

    Вработен во Градски паркинг нападнат додека бил на работа во центарот на Скопје

    Вработен во Градски паркинг нападнат додека бил на работа во центарот на Скопје

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Пожарот кај Грачани сè уште активен, нема опасност за населените места

    04/09/2026

    Патничка тешко повредена при судир на автобус и автомобил во скопската населба Маџари

    04/09/2026

    Возач со над два промили алкохол излетал од патот во светиниколско, немал ниту важечка возачка дозвола

    03/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.