Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Целосно реновирани управните служби во зградата на МРТВ – граѓаните ќе имаат можност за брзи и ефикасни услуги
    Скопје

    Целосно реновирани управните служби во зградата на МРТВ – граѓаните ќе имаат можност за брзи и ефикасни услуги

    10/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска заедно со раководството на Министерството го пушти во употреба реконструираното Одделение за управни работи – Скопје кое се наоѓа во зградата на МРТВ.

    Тошковски образложи дека реконструкцијата почна кон крајот на месец октомври минатата година, и според него, била една од стратешките планови на ова раководството на МВР со цел граѓаните да добиваат брзи и ефикасни услуги кои ги плаќаат и ги заслужуваат.

    -Веќе нема да има хаос, неред и граѓани со нарушено достоинство кога е потребно да се извади личен документ или било која услуга која ја дава овој Оддел. Целта на реконструкцијата е граѓаните да имаат можност за брзи и ефикасни услуги, да го штедат своето време и сето тоа да биде на достоинствен начин како што заслужува секој македонски граѓанин. Со реконструкцијата и реновирањето засега опфатени се 20 т.н. кабини за сликање кои ќе извршуваат повеќе работни функции и ќе даваат повеќе услуги на граѓаните, реконструирана е големата шалтер сала која во наредниот период ќе ги опслужува граѓаните во делот на издавањето на пасошите по итна и редовна постапка, личните карти по итна постапка, возачките дозволи, уверенија за државјанства заедно со сите останати постапки во врска со барањата за прием и отпуст од државјанства, промена на лично име и други, како и услуги од областа на возилата, потенцираше министерот Тошковски.

    Министерот за внатрешни работи Тошковски истакна дека заедничкиот простор кој е наменет и за граѓаните и за вработените е опремен на начин кој ќе овозможи секој граѓанин да се чувствува пријатно за времетраењето на давањето или чекањето на конкретната услуга.

    Во реконструкцијата во оваа фаза се реконструирани и 15-на канцеларии за вработените, санитарните чворови, инсталиран е целосно нов централен систем за ладење и греење и извршено е целосно сервирање на надворешните окови, во насока објектот да биде што повеќе енергетски ефикасен.

    Поврзани вести:

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    Жителите на Центар со свои предлози ќе учествуваат во креирањето на новиот ЛЕАП

    Жителите на Центар со свои предлози ќе учествуваат во креирањето на новиот ЛЕАП

    Во петок нема да работат шалтерите за наплата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје

    Во петок нема да работат шалтерите за наплата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје

    Ѓорѓиевски: Младите мора да имаат вистинско место во креирањето на локалните политики

    Ѓорѓиевски: Младите мора да имаат вистинско место во креирањето на локалните политики

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    22/10/2026

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    22/10/2026

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.