Цариниците на граничниот премин „Дојран“ на излез од државата, спречија обид за нелегална трговија со 79 кг марихуана што требало да заврши на турскиот пазар, a возачот, босански државјанин е уапсен заедно со уште 4 лица, соопшти Царинската управа.
Против петмината приведени е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
Според Царината камионот со кој управувал босанскиот државјанин влегол во Македонија натоварен со железни профили кои требало да ги транспортира до Грција, а по претходен договор со лица од Македонија, на однапред договорена локација, извршен е претовар на марихуаната во камионот и тој продолжил кон Грција преку граничниот премин Дојран каде е пресретнат од царинските мобилни единици.
