Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Британка касната од опасна риба на Закинтос, Грција предупредува на инвазивен вид
    Свет

    Британка касната од опасна риба на Закинтос, Грција предупредува на инвазивен вид

    29/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Британска туристка завршила во болница откако била касната од инвазивна риба-пуфер додека се капела во морето кај Каламаки на грчкиот остров Закинтос.

    Жената побарала медицинска помош во приватна клиника, каде што ѝ била укажана прва помош за повредата. Случајот е пријавен и се истражува од страна на надлежните служби, а според првичните информации, нападот го предизвикала риба-пуфер со сребрени образи, позната и како зајачка риба.

    Овој вид во последните години сè почесто се појавува во Средоземното Море, а експертите го поврзуваат неговото ширење со климатските промени и зголемувањето на температурата на водата.

    Грчкиот Црвен крст упати предупредување за опасностите од оваа риба, која има исклучително силни заби способни да оштетат коска, дрво, па дури и метал. Дополнителен ризик претставува и присуството на отровниот невротоксин тетродотоксин во нејзините органи и месо.

    Рибарите од грчкото крајбрежје предупредуваат дека инвазивниот вид не претставува опасност само за капачите, туку и за морскиот екосистем и нивната работа.

    „Ако ве касне една од овие риби, може едноставно да ви отсече прст. Го уништуваат морето и не оставаат ништо зад себе“, изјави рибарот Алексис Каралампакис.

    Тие велат дека рибите ги оштетуваат рибарските мрежи и предизвикуваат големи финансиски загуби.

    „Ми требаа два дена да ги поправам мрежите. Ги извадив повторно и имаше уште 20 дупки. Секоја година ситуацијата станува полоша“, вели рибарот Костис Зевелекакис.

    Грчките власти веќе преземаат мерки за заштита на капачите, вклучително и поставување заштитни бариери во одредени морски подрачја. Научниците предупредуваат дека ширењето на овој инвазивен вид станува сериозен еколошки и безбедносен проблем за регионот.

    Поврзани вести:

    Русија го затвори воздушниот простор над Капустин Јар, се шпекулира за нови ракетни тестови

    Русија го затвори воздушниот простор над Капустин Јар, се шпекулира за нови ракетни тестови

    Иран испрати нова порака до САД: Подготвени сме за секое сценарио

    Иран испрати нова порака до САД: Подготвени сме за секое сценарио

    Повеќе од 50.000 жени годишно се убиени од партнер или член на семејството, предупредија учесниците на конференција во Скопје

    Повеќе од 50.000 жени годишно се убиени од партнер или член на семејството, предупредија учесниците на конференција во Скопје

    Нетанјаху тајно отпатувал во Абу Даби на средба со претседателот на ОАЕ

    Нетанјаху тајно отпатувал во Абу Даби на средба со претседателот на ОАЕ

    Вучиќ поднесе оставка, Ана Брнабиќ ја презема претседателската функција

    Вучиќ поднесе оставка, Ана Брнабиќ ја презема претседателската функција

    Руски напади врз Харков и Киев: Најмалку 26 повредени, меѓу нив осум деца

    Руски напади врз Харков и Киев: Најмалку 26 повредени, меѓу нив осум деца

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Русија го затвори воздушниот простор над Капустин Јар, се шпекулира за нови ракетни тестови

    29/09/2026

    Иран испрати нова порака до САД: Подготвени сме за секое сценарио

    28/09/2026

    Повеќе од 50.000 жени годишно се убиени од партнер или член на семејството, предупредија учесниците на конференција во Скопје

    28/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.